StrumicaOnline: Оливера Аризанова Мансбарт доби награда за најдобра актерка

Од 5-ти до 11-ти октомври, оваа година за прв пат се одржа „Европски фестивал на патувачки театар“ во Бугарија, Сливница. Таму, Оливера Аризанова Мансбарт ја доби наградата за најдобра актерка, со монодрамата „ТАА“, во режија на Васил Михаил.

И по 37та изведба на претставата во КИЦ „Будо Томовиќ“ во Подгорица на 13 октомври 2015 година, се слушаа коментари од публиката “одлична глумица”. Таму гостуваше како дел од соработката на Амбасадата на Република Македонија, Друштвото за црногорско-македонски пријателства, Националната заедница на Македонци во Црна Гора, Секретаријатот за култура Подгорица и НВО „Анте Портас“ Црна Гора.

И посакуваме уште поголеми успеси!

Целият материал в strumicaonline.net